Голема трагедија ја потресе спортската јавност: Вицешампионот во кикбокс загина во Украина

Војната во Украина однесе многубројни жртви од светот на спортот, а сега уште еден украински спортист трагично го загуби животот.

Руслан Писковиј (21), вицешампион на светот во кик бокс загина борејќи се со руската армија.

Пискови беше шесткратен шампион на Украина во К1 и шампион меѓу професионалци, а беше и финалист на ЕП во К1, како и освојувач на сребрен медал на Светското првенство.

Advertisements

Шампионатот К1 е организација во која се водат борби од мешан стил сличен на кик боксот. На борците им е дозволено да користат бокс, кикбокс, тајландски бокс, карате, таеквондо техники.

Писковиј беше четирикратен светски шампион во кик-бокс, а во украинската војска како волонтер се приклучи од првиот ден од војната со Русија.

Пред неколку дена животот го загуби и украинскиот кикбоксер ММА борец Виталиј Меринов (32). Беше четирикратен светски шампион во кик-бокс, а во украинската војска како волонтер се приклучи од првиот ден од војната со Русија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ×_nomercy_x (@_no.m.e.r.c.y._)