Девојчето кое таткото го држел како роб пет години се опоравува, лекарите се оптимисти дека ќе закрепне

Малата Лана (8), која пет години ја држел во заробеништво во стан во Мириево, Србија татко и Урош Пашајлиќ, се уште е на детската клиника во Тиршова. Како што открива српски Телеграф , за неа се грижи голем тим лекари.

„Девојчето е во стабилна состојба и се оди на подобро. Лекарите се оптимисти и даваат се од себе целосно да закрепне и се надеваат дека ќе биде така – велат од клиниката.

Несреќното девојче беше пронајдено едвај живо и неухрането, во када во заклучена бања, а околу неа имаше расфрлани мувлосани остатоци од храна и стари работи.

Advertisements

Полицаец ја пронашол по пријавата на партнерката на Пашајлиќ, кој исто така претрпела насилство, но успеала да побегне од станот. Полицијата беше ужасната од состојбата во станот.

Според неофицијални информации, кога влегле во бањата, од кадата излегло мало девојче. Беше многу слаба, едвај седеше, вели полицијата.