(ВИДЕО) Руски бомбардер ја утнал целта – по грешка бомбардирал руски град

Министерството за одбрана на Русија потврди дека пилот на руски борбен авион не сакајќи го бомбардирал градот Белгород во близина на границата со Украина, пренесува „Би-би-си“.

Инцидентот се случил вчеравечер во 22:15 часот по локално време, јавуваат руските медиуми.

Две жени се повредени, а неколку згради се оштетени во случајното бомбардирање, изјави тој.

Advertisements

Ловецот-бомбардер „Су-34“ ненамерно исфрли авионски муниција, соопшти Министерството.

Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков изјави дека експлозијата оставила огромен кратер широк околу 20 метри во центарот на градот.