Ноќеска биле нападнати двајца малолетници во Центар, едниот заврши во болница

Полицијата информира дека малолетник и уште еден негов другар биле физички нападнати од неколку исто така малолетни лица во Центар, триесетина минути по полноќ.

Еден од повредените малолетници бил однесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ од каде што било пријавено во СВР Скопје дека момчето имало повреди здобиени од физички напад. Пријавата до скопската полиција била утрово во 02.05 часот.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Advertisements