„Каде оди Ковачевски? Симпатизер на Путин сега ќе пишува уставни амандмани во работната група, која тој ја формира“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Меѓу членовите на работната група, на таканаречени експерти, кои ги демаскиравме и презентиравме дека станува збор за пензионери роднини на партиски функционери и луѓе блиски до СДС и ДУИ уставни измени ќе прави и Јагода Митревска симпатизер на Путин, која долги години следела негови кампањи во Русија.
Откако вистински експерти не прифатија да членуваат во работната група која ќе ги пишува амандманите, Ковачевски собрал луѓе кои ниту се експерти, ниту имаат искуство од областа, но затоа имаат сомнителни политички конекции“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.