Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена, тврди лидерот на партијата Христијан Мицкоски кој вели дека ниту амнестија на поранешни функцинери на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак, уцени од поранешни партиски структури нема да ги проедомислат пратениците на опозицијата да гласаат за уставни измени.
И покрај обидите на власта да уценува и да се заканува денешното раководство на партијата не е исто како претходното, додава Мицкоски.
Ако пак има конзенсус за целосно преземање на хрватската преамбула во македонскиот устав, партијата веднаш ќе даде поддршка за уставни измени.
За лидерот на опозциската ВМРО-ДПМНЕ спорен е и експертискиот состав на работната група за уставни измени, особено затоа што во него има луѓе првзаници на Путин, како и фамилијарни врски со челници на ДУИ и СДСМ.
„Од друга страна имаме политичари кои што ги номинираат, кои што ја анатемизираат Руската федерација и Путин, а на дело гледате тие номинираат возљубеници во ликот и делот на Руската федерација и господинот Путин, ние ќе треба да ги плаќаме тие експерти“, рече Мицкоски.
Во врска со ова информација Мицкоски додаде дека „повеќе од јасно е од каде потекнуваа таа госпоѓа, како се стекнала со звањето и како доаѓа да таа учествува во таа работна група“.
„Ако ја погледнете биографијата на таа госпоѓа ќе ви стане јасно од каде потекнува, како се стекнала со звањето и како доаѓа да учествува во таа работна група. Исто така и семејните стебла, тука се едно семејно стебло кое што е по вертикала со ДУИ поврзано, друго семејно стебло кое што се родени да бидат функционери и да бидат на грбот на граѓаните е на СДСМ, или е уставен судија или е градоначалник, или е директор, или е во некоја комисија и зема илјадници евра народни пари, отприлика така функционира владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДС,“ вели Мицкоски.