Лазар Ѓ. од Параќин, загина во несекојдневна несреќа што се случила утрово околу 5 часот, кога паднал од Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Тешко повреден е неговиот пријател Стефан Љ., кој бил со него, јавуваат српските медиуми.
Медицинските служби се обиделе да ја реанимираат жртвата, но залудно.
Двајцата биле на ергенска забава кога сакале да направат селфи. Во моментот кога ја правеле сликата се случила несреќа во која загинал Лазар.
Како што јавуваат српските медиуми, момчето кое загина изгубило рамнотежа додека се фотографирал и паднал од тврдината, а со себе го повлекол и пријателот кој моментално е во тешка состојба.
Не се знае точно местото на несреќата, но ова е тврдината каде што се случила трагедијата.
Според познаници, Лазар бил добар млад човек, весел и сакал убаво да се забавува. Сите се потресени од неговата смрт.
Истрагата треба да ги утврди сите околности на оваа несреќа и дали младите загинале од невнимание или на тоа влијаеле и други околности.
ФОТО: Инстаграм