Директорот на скопскиот здравствен дом Вулнет Селими информира дека ќе бидат преземени дисциплински мерки и против управителот на поликлиниката Драчево и против дежурниот лекар, откако на социјалните мрежи беше објавено дека во оваа здравствена установа имало веселба по повод пензионирање на еден од лекарите.
„По објавувањето на видео снимка од внатрешноста на поликлиниката Драчево, на која се слушаа песни со исклучително висок глас, што е надвор од секоја етика и прописи, пред неколку моменти ја посетив оваа поликлиника. Одговорниот лекар ми потврди дека таа сцена се случила минатиот четврток, оправдувајќи ја по повод пензионирањето на вработен на Клиниката, што и според него е над нормалното.