Незаконски издал одобрение за сеча во приватни парцели, полицијата му поднесе кривична пријава

Битолската полиција до Основното јавно обвинителство во Битола поднесе кривична пријава против Љ.Т.(61) од Демир Хисар, поради постоење основано сомение за сторено  кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353 в од Кривичниот законик.

Пријавениот, како што информира МВР, на 30.05.2022 во својство на службено лице, вработен во ЈП „Национални шуми“ Скопје, подружница Демир Хисар, изготвил и потпишал записник за сеча на шумски дрвја, врз основа на кој било издадено одобрение за сеча на две приватни парцели.

На тој начин тој ги оштетил сопствениците за 554.275 денари.

Advertisements