(ФОТО) Тито во црвени гаќички ужива под палми на плажа – осамна нов мурал во Ровињ

Во Ровињ, Хрватска осамна нов мурал на Јосип Броз Тито. Хрватските медиуми пишуваат дека муралот го дизајнирал и насликал уличниот уметник Борис Баре, а на него е претставен Тито како одмора со прекрстени нозе и кренати раце на лежалка под палми додека носи црвени гаќички за капење и очила за сонце.

Уметникот на неговиот Инстаграм профил објави дека муралот се вика „El prezidente“, а локацијата на која Тито ужива е Националниот парк Бриони, место кое Тито сакал да го посетува.

„Ова е дело што го сликав токму во Ровињ за трговски центар, Retail. Темата е лето и уживање. Нè поканија и работевме таму последните дванаесет дена, насликавме педесетина дела на приближно 1500 квадратни метри. Не се работи за никаква политичка порака, Бриони се релативно блиску, па тоа беше асоцијација“, вели уметникот Баре за хрватски „Јутарњи“.

Advertisements