(ВИДЕО) На Ердоган му се слоши среде интервју, емисијата е веднаш прекината

Интервјуто на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кое се емитуваше во живо на телевизија, накратко беше прекинато поради тоа што тој доби силни стомачни проблеми додека новинарот поставуваше прашања.

Во видеото на Youtube каналот на телевизијата Поли Турк, се слуша како турскиот претседател воздивнува, а потоа новинарот вознемирено станува и интервјуто тука е прекинато.

Ердоган изјави дека интензивната изборна кампања му направила стомачни проблеми, откако синоќа по неколку минути се врати на продолжението на интервјуто на Канал 7 за да одговори на уште едно прашање.

Advertisements