БЕСА: Дамева е незаконски разрешена за да се заштити судијата што го спаси Мијалков од затвор

Денеска уште еднаш се потврдија тврдењата на Движењето БЕСА дека судството е заробено од владејачките партии ДУИ и СДСМ, реагира попладневно партијата, откако Судскиот совет ја разреши актуелната претседателка Весна Дамева.

Според Беса разрешувањето на Дамева е незаконско и се случило за да биде спасен судијата кој е заслужен да застари кривично дело против Сашо Мијалков.

„На денешната седница на Судскиот совет, претседателката Весна Дамева, беше арбитрарно разрешена, спротивно на законот и демократските вредности, само затоа што на дневен ред стави точка за отчет на судиите кои го застарија делото за Мијалков. Денеска уште еднаш се потврди дека во Република Северна Македонија не владее законот, туку владејачките политички партии ДУИ и СДСМ. Денеска уште еднаш се потврди дека сите судски одлуки кои ги носи највисокиот орган во рамките на судската власт, Судскиот совет, се носат по наредба на политичките партии кои се на власт“, вели БЕСА .

Advertisements

Ние како Движење, вели БЕСА, „остро го осудуваме ова и ги охрабруваме, како меѓународниот фактор, така и граѓанскиот сектор, заедно со опозицискиот политички фактор на борба против оваа анархија и арбитрарност во рамките на судската власт“.