Александар Вучиќ итно примен во болница

Белградските медиуми јавуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ е итно примен во болница.

Б92 пренесува дека оваа информација неофицијално им е потврдена.

Вучиќ е примен во болница, но не и во ВМА, како што беше напишано денеска на социјалните мрежи, каде се објавуваа различни дезинформации за здравствената состојба на претседателот на Србија, наведува овој портал.

Потпретседателката на Народното собрание на Србија, од СНС, Сандра Божиќ, на Твитер му испрати порака со поддршка на Александар Вучиќ.

„Целосна поддршка за претседателот Вучиќ! Знаеме дека не се штеди, дека живее и дише за Србија!“, напиша Божиќ.