Бугарија треба да ѝ помогне на С.Македонија на патот кон ЕУ – Плевнелиев на форумот во Делфи

Поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев во дискусијата за Западен Балкан на Економскиот форум Делфи во Грција порача дека Бугарија мора да ѝ помогне на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и да не паѓа во политиката на национализам.

„Треба со нашите постапки да покажеме дека Бугарија е возрасната во просторијата, дека се однесува одговорно, дека има план и тој план е за целосна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ и НАТО, бидејќи ова е единствениот начин да се има траен мир на Балканот. Да не го потенцираме погрешно сфатениот национализам, елементарните, малите, борбените настапи, туку погледнете ја големата слика, што значи – да преговараме со нашите меѓународни партнери, да помогнеме да ја вклучиме и РСМ, која е многу помала од нас“, рече Плевнелиев.