Координаторот за сомнителни тендери со отворен сомнеж за криминал во Владата Артан Груби освен фабрика за пари, станува и фабрика за лажни вести. Па така ќе напише дека со истиот закон Бехтел и Енка гради автопат во Србија, реагира на Фејсбук пратеникот Тони Јаревски кој во неколку точки направи споредба на изградбата на Моравскиот коридор во Србија и коридорите во Македонија.
Еве што Груби не кажува, вели Јаревски.
4.Километар автопат во Србија од Бехтел и Енка вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра.
ВМРО-ДПМНЕ не е против градба на автопат, напротив истиот автопат за Коридорот 8 го има и во нашата програма, но сме против пљачката на векот каква сега имаме пред очи.
И кога Груби ќе збори за антиалбанство (омилената теза на ДУИ секогаш кога се фатени апла во криминал) има ли поголемо антиалбанство и антидржавен елемент од тоа да се богати кастата на власт, на грбот на напатениот народ.