Директорот на „Паркови и зеленило“ поднесе оставка – „здравјето е поважно од секоја функција“

Директорот на ЈП „Паркови и зеленило” Зухејр Реџепи, кадар на ДУИ, поднесе оставка.

Тој на Фејсбук профил на претпријатието објави дека оставката ја поднесува поради здравствени причини.

„Поради здравствени предизвици денес поднесов оставка од функцијата директор на ЈП „Паркови и зеленило’. И’ благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважно од секоја функција. На новото раководство му посакувам успешна и плодна работа“, вели Реџепи.

Advertisements

Реџепи беше назначен на функцијата лани во септември откако кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери поднесоа оставки.