Ковачевски и Груби со 300 милиони за аванси и пенали кон Бехтел можеа да направат 300 градинки низ цела држава. Доколку владата работеше за народот, парите кои треба да ги платат за аванси и пенали кон Бехтел за Коридор 8, кој уште не е ниту почнат, може да направи нова градинка во скоро секое поголемо населено место во Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Груби, вели опозициската партија, се вади на други примери каде изведувачот Бехтел градел, но не кажува дека истиот таму гради врз основа на јавен повик.
„За Коридорот 8 нема ниту проект, ниту експропријација, а не пак градежни активности, но затоа има исплатено аванси од владата кон изведувачот и пенали кои треба да бидат исплатени. Заради Ковачевски и Груби, владата префрли скоро 120 милиони евра, а во наредниот период по разни основи, меѓу кои и пенали треба да префрли сума која ќе достигне до 300 милиони евра, без притоа на терен нешто да се гради“, вели ВМРО-ДПМНЕ.