ВАЖНА ВЕСТ за сите што сакаат да патуваат во Америка, а не се вакцинирани против ковид

Администрацијата на Бајден ќе стави крај на барањата за вакцинација против ковид-19 за странските патници и владините службеници на  11 мај – истиот ден кога ќе заврши вонредната состојба во јавното здравство поврзана со пандемијата, пишува Вашингтон пост.

Повеќе од милион луѓе починаа од ковид-19 во Соединетите држави. Сепак, Белата куќа забележува дека пандемијата е целосно запрена, што доведе до тоа владата да ги укине ограничувањата кои датираат од времето кога болеста пустошеше.

„Од јануари 2021 година, смртните случаи од ковид-19 се намалија за 95 отсто, а хоспитализациите се намалени за речиси 91 отсто. На глобално ниво, смртните случаи од ковид-19 се на најниско ниво од почетокот на пандемијата“, се вели во соопштението.

Advertisements

Барањата за вакцинацијата, првпат воведени од претседателот Бајден кон крајот на 2021 година, предизвикаа долги правни и политички битки, при што републиканците рекоа дека се непотребни – позиција на која неодамна се приклучија се поголем број демократи и експерти за јавно здравје, бидејќи заканата од пандемијата се повлече“, наведува Вашингтон пост.

Во февруари, Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на условот повеќето странски патници со авион да се вакцинираат против ковид-19, едно од ретките преостанати пандемични ограничувања за патување што сè уште е во сила.

И Одделот за домашна безбедност, исто така, соопшти во понеделникот дека, почнувајќи од 12 мај, повеќе нема да бара од патниците кои не се од САД, а кои влегуваат во Соединетите држави преку копнените влезни пристаништа и траектите да бидат вакцинираат против ковид-19 и да обезбедуваат доказ за тоа.

Како што наведуваат американските медиуми, правилата на администрацијата на Бајден наметнати во септември 2021 година со кои се бараше околу 3,5 милиони државни службеници и изведувачи да бидат вакцинирани или да се соочат со отпуштање или дисциплинска постапка, не се спроведуваат повеќе од една година по серија судски пресуди.

Инаку, повеќе од 81 процент од Американците се вакцинирани против ковид, според Центрите за контрола и превенција на болести, иако интересот за вакцината и нејзините засилувачи опаѓа со текот на времето; помалку од 17 проценти од американските граѓани го примиле најновиот двовалентен засилувач.