Почина големата легенда на Југославија, еден од најдобрите кошаркари во историјата

По долго боледување на 75-годишна возраст почина Дамир Шолман, еден од најдобрите кошаркари во историјата на Југославија.

Тој е најдобриот стрелец во историјата на Сплит со 5.783 поени, а со Југославија беше двократен светски првак и двократен освојувач на сребрен олимписки медал.

Со репрезентацијата на Југославија стигна до второто место на Олимписките игри во 1968 година, а потоа и во 1976 година кога капитен беше Шолман.

Advertisements

Тој беше еден од кошаркарите кои на Југославија и ја донесоа првата светска шампионска титула во 1970 година во Љубљана, ова беше прва од петте историски титули кои ги освоија „сините“.

За Југославија забележа 226 настапи и постигна вкупно 1.785 поени.

Со Југопластика овој крилен кошаркар стигна до финалето на Купот на победниците на куповите во 1973 година, додека во 1976 и 1977 година со овој клуб го освои и меѓународниот Куп Радивој Корач.

Тој беше вицешампион на светот во 1974 година, а во 1973 и 1975 година беше шампион на Европа.