Неприфатливо е покачувањето на платите за 78 отсто во услови на инфлација – Бобан Стефковски

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски на социјалните мрежи ги повика граѓаните преку алатката „Прашај го градоначалникот” да му се обратат не само со прашања, туку да му напишат и за проблеми со кои се соочуваат, идеи и предлози за секојдневното функционирање на општината Гази Баба.

И секако граѓаните веднаш му го поставија многу прашања, меѓу кои и за срамното зголемување на платите на функционерите за дури 78 отсто во време на инфлација и криза.

Дали се согласувате со покачувањето на платите за 78 отсто?, беше едно од прашањата, а еве што одговори Стефковски:

„Покачувањето на платите доаѓа согласно Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија, која Одлука стапува на сила веднаш и истата е задолжителна за институциите на системот и како градоначалник на општина Гази Баба немам право да коментирам одлука на највисокиот суд во државата. Но, доколку ме прашате како Бобан Стефковски секако дека не се согласувам и сметам дека во услови на сериозна инфлација во која цените одат нагоре, а платите на работниците стојат ваква одлука е неприфатлива. Она што би сакал да Ве уверам Вас, но и сите граѓани на општина Гази Баба е тоа дека како градоначалник досега многупати сум ја покажал својата хуманост и солидарност кон сите оние на кои им е потребна помош и тоа ќе биде така и во следниот период. Граѓаните кои изминатиот период од моето доаѓање во општината имале одредена мака или проблем и се обратиле до мене за помош, добро знаат дека секогаш од мене добиле подадена рака“.

Advertisements

.