(ВИДЕО) Ова е невидено во Србија – вознемирувачки детали по масакрот во Белград открива полицијата

 Ученикот К.К. сам се јавил во полиција и кажал дека пукал во неколку луѓе, откри шефот на полициската управа во Белград Веселин Милиќ, пренесуваат српските медиуми.

„Убиени се 8 ученици, од кои седум девојчиња и едно момче. Сум бил на илјадници истраги, ова е нечуено и невидено во српското општество. Според досега собраните податоци, детето долго време го планирало настанот. Ги зел пиштолите од станот на татко му, со себе носел и молотови коктели. Прво пукал во обезбедувањето, а потоа во дежурната ученичка. По злосторството повикал полиција. Изработил план за влегување и напуштање на училиштето. Тој ги одредил и приоритетните цели, како да ликвидира кои деца и во колкав број“, изјави Милиќ.

Коста Кецмановиќ (14) кој утрово во ОУ „Владислав Рибникар“ уби 8 школски другари, наставничка и чувар, како што пишува nova.rs, бил добар, мирен ученик,  учествувал на многу натпревари по математика и добивал награди.

Advertisements

Минатата година освоил и трето место на општински натпревар по историја.

Пукањето се случило утрово околу 8 часот кога тој упаднал во училиштето со пиштолот на татко му и почнал да пука.

Медиумите во Србија преенсуваат дека тој , веднаш по страшното злосторство, наводно рекол:

„Пукав затоа што сум психопат“, рекол 14 годишниот Коста Кецмановиќ при апсењето.
 
Како што пишуваа медиумите во Србија тој бил мирен, не покажувал никакви емоции и не давал отпор при апсењето.