Страшната трагедија што се случи вчера во Врачар, кога ученик седмоодделенец со истрели од пиштолот на неговиот татко уби седум девојчиња и едно момче во училиштето, како и чувар, го крена целиот свет на нозе.
Имено, како што дознава Курир, eдно момче кое било на списокот успеало да скокне од прозорецот кога Коста кој уби осуммина негови врсници упаднал во училницата.
– Чекаше чуварот да заѕвони за да почне часот, прво го убил, па влегол во одделението, од првата клупа пукал во професорката и учениците, ги видов телата како паѓаат и јас и другарот веднаш скокнавме од прозорецот. Тој побегна во една фирма, јас само трчав. Сите на списокот ми беа пријатели, никој од нас никогаш не го избегнуваше. Еден од неговите пријатели од списокот бил со него во саботата за неговиот роденден и не забележал ништо чудно. Покрај сите негови активности тренираше и кошарка. Вчера, кога се приближивме до училиштето, ми се слоши. Сите до еден од списокот и оние што ги убил биле многу блиски со него – вели момчето.
Да потсетиме, ученик на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар вчера уби осум ученици и еден чувар, повреди шест ученици и еден наставник по историја.
Во Србија е прогласена тридневна жалост, а наставата во сите училишта во Србија почна утрово со едноминутно молчење.