Скопската полиција поднесе кривична пријава против Б.М. (37) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „бегство на лице лишено од слобода“, информира Министерството за внатрешни работи попладнево.
Станува збор за Беким Мемети кој на почетокот на годинава успеа да избега при спровод од болница кон затворот „Идризово“. Тој се уште е во бегство, а полицијата даде детали како се случило бегството.
„На 12.01.2023 на автопатот „Пријателство“, додека бил вршен спровод на пријавениот, осудено лице, од Казнено-поправната установа Идризово до Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, тој одзел службен пиштол од вработен во затворската полиција и испукал еден проектил, со кој го ранил. Притоа, службеното возило застанало, а пријавениот излегол од возилото и влегол во патничко возило „ауди“ без регистарски ознаки и заминал“ соопштија од МВР.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...