Пешачката зона „Горлингер центар“ во германскиот град Келн вчера околу 22 часот беше центар на невиден хорор. Маж вооружен со огромен нож бркал случајни минувачи по улицата, но грозоморната ситуација за среќа не завршила со крвопролевање.
Според „Билд“, се работи за Сириец кој, по се изгледа, целeл на едно лице. Додека тој одел кон тоа лице, другите минувачи се повлекле, викајќи му да го тргне ножот.
Сириецот, очигледно бесен, само ги раширил рацете и го покажал сечилото од 40 сантиметри и извикал: „Оставете ме на мира!“
Дури кога обезбедувањето на блискиот објект му пришло и му се обратило прво на арапски, а потоа и на германски со „брат“, тој како да се смирил.
Во тој момент пристигнала полиција. Неколку полицајци се стрчале кон Сириецот, го совладале и го однеле во полициска станица.
„Се говореше дека 35-годишникот бил удрен со дрвена летва по главата од 32-годишнен маж. Потоа отишол дома и зел нож. За среќа, не го употребил“, велат од полицијата. портпаролка.
Полицијата го запленила оружјето, а против Сириецот е поднесена кривична пријава. Бидејќи имало и потерница за друго кривично дело, тој е изведен пред судот за прекршоци.