ТРАГЕДИЈА КАЈ МЛАДЕНОВАЦ Осум жртви, 13 ранети, ова е терористички акт – српско МВР

Во пукањето што се случило вечерва кај Младеновац, Србија, загинале осум лица, а повеќе се ранети, јави доцна по полноќ српскиот портал Н1.

РТС јави дека напаѓачот пукал во жртвите со автоматско оружје и дека има 13 ранети. Трагедијата се случила во село кај Младеновац, одалечено на околу 60 километри од Белград. До 3 часот утрово полициската потрага по осомничениот убиец сѐ уште траеше.

Како што известуваат српските медиуми се стравува дека бројот на жртвите и на повредените во овој масакр не е конечен. Според министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ грозоморното злосторство кај Младеновац е терористички чин.

Advertisements

Сторителот на ова злосторство кое се случува по неполни 48 часа по масакрот во училиштето во Белград е во бегство.

Како што објавивме претходно, полицијата трага по 21 годишно момче Урош.Б. од кое српските медиуми објавија и фотографија.

Осомничениот, по кого е распишана потерница, наводно почнал да пука по кавга во училишен двор во селото Дубона кај Младеновац каде први жртви биле полицаец (20) и неговата сестра.

Осомничениот 21 годишник Урош.Б.