Таксистот јавил каде е терористот, Вучиќ со детали: И други знаеле, но не пријавиле каде е убиецот!

Вучиќ им се заблагодари на сите единици на МУП за нивната пожртвуваност.

Дваесет и едногодишниот Урош Блажевиќ е уапсен откако синоќа во селата Дубона и Мало Орашје уби 8 и рани 14 лица. Ова е второ масовно убиство што ја потресе Србија за само 48 часа.

Во оваа прилика на јавноста и се обрати лидерот на Србија, Александар Вучиќ, кој рече дека секој „кој го брани и подржува чудовиштето“ ќе одговара и ќе биде сослушан, а му се заблагодари и на таксистот кој пријавил каде се наоѓа монструмот кој бегаше од полицијата.

– Му благодарам на таксистот од Крагуевац кој покажа што значи да се биде човек, за разлика од некои други кои знаеле, но не пријавиле каде е убиецот. Побргу ќе беше изведен пред лицето на правдата. И тие ќе бидат повикани на одговорност – рече претседателот, мислејќи на страшниот масакр во Младеновац.