Го убија Марко, мојот внук го нема, оваа тага во домот на дедото на Марко М.(18), млад човек кој синоќа беше убиен кога Урош Блажиќ пукаше од автоматска пушка и пиштол, а потоа уби осум и повреди 14 лица ја пренесува српскиот портал „Блиц“.
„Ми го убија детето, боже, што ни направија – рекол дедото за „Блиц“.
До него стоела бабата на убиениот млад човек која едваш дишела
Таа наведува дека Марко бил среќен што станал вујко и дека едвај чекал да го види детето.
„Што згреши? Тој никогаш не го видел убиецот, не знаеме кој е тој човек. Што сакаше од нашето дете? Наместо да славиме внуче, ние подготвуваме погреб. Тешко ни е, мојот внук го нема“, рекла бабата на младиот човек пренесува „Блиц“.