Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето обраќање во Дневник на РТС се осврна и на влијанието на реалните шоуа врз младите.
„За насилството зборуваат оние кои цело време применувале насилство. Кога зборуваме за реалити, нема проблем. Надлежните органи ќе следат се, но тогаш не може да се каже дека едната телевизија има реалити програма, а другата нема“, изјави Вучиќ, пренесува Данас.
Тој се осврна и на насилството во Собранието, велејќи дека такво насилство немало во ниту едно реално шоу.
На потсетување на водителот дека во некои реални шоуа има и осудени убијци, Вучиќ рече дека тоа не го смета за добро, но дека една телевизија не може да има ваква програма, а друга да нема.
„Мислам дека реалното шоу е ужасно и одвратно. Исто како грозното и одвратно реално шоу на New S TV, Survivor, затоа не можете да му кажете да на овој, а не на другиот“, рече претседателот.
Toa Вучиќ го спореди со одредени филмови, како „Молња“,„ Лице со лузна“, „Се гледаме во некролог“… со заклучок дека треба и тие да се укинат,како и риалити програмите.