Српската полиција за порталот Н1 потврдува дека, во три училишта во Србија учениците правеле списоци со ученици во кои би пукале. Сите биле приведени заедно со нивните родители, а биле пријавени од ученици и родители.
Станува збор за училиштето „Деспот Стефан Лазаревиќ“ во белградската населба Миријево, а мајката на еден од учениците испрати писмо од кое се гледа дека родителите се вознемирени и дека многумина нема да ги праќаат децата на училиште.
Во основното училиште „Бора Станковиќ“ во Вождовац, двајца ученици од петто одделение направиле список, како и еден ученик во училиште во Бајина Башта.
Полицијата на Зрењанин го уапсила А.С.(19) од околината на Нова Црња поради сомнение дека предизвикал паника.
Се сомнева дека А.С., во својата одделенска група преку мобилна апликација објавил цртеж на кој се гледа училница со крвави ликови како лежат покрај клупите, додека еден од нив држи предмет сличен на пиштол, се наведува во соопштението на МВР.
Се додава дека тоа ги вознемирило учениците и нивните родители.