Две малолетни девојчиња од струмичко денеска попладнево во полиција се пријавени за изгубени.
Девојчињата А.Ј (12). и Р.И (14) биле дојдени во Скопје на екскурзија, а последен пат се видени пред ТЦ „Веро Џамбо“.
Случајот во полиција го пријавила нивната наставничка. Полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање, а на социјалните мрежи се споделуваат апели за помош и фотографии од девојчињата.