Полициска инспекторка: Никогаш нема да ги заборавам тој ден и тие деца, а Коста.К беше ладен, емотивно дистанциран

Бојана Отовиќ Пјановиќ од Службата за сузбивање на криминал при српското МВР вели дека никогаш нема да може да ја извади од глава грозоморната сцена која ја нашла при доаѓањето на местото на злосторството во белградското училиште кога на 3 мај ученикот Коста.К уби осум негови другарчиња и чувар во школото.

Таа долги години работи со малолетници и во емисија на РТС изјави дека присуствувала и додека се вршеле разговори со Коста К.

„Се чувствувам лошо и немоќно. Затекнавме необична и грозоморна сцена кога стигнавме на местото на злосторството, самиот факт и бројката зборуваат сами за себе. Се очекува да можеме да ги одвоиме емоциите од професионалните, но никогаш нема да го заборавам тој ден, тие деца“, изјави Пјановиќ од Службата за сузбивање на криминалот на српското МВР.

Седмоодделенецот на ОУ „Владислав Рибникар“ ќе го сторел делото, вели Пјановиќ и доколку немал пристап до оружје, но, сепак изрази уверување дека на тој начин без оружје ќе имало помалку последици. Таа зборуваше и за распитот на Коста.К кој како што  вели бил емоционално дистанциран од се што се случило претходно.

Advertisements

„Личниот впечаток е дека тој имаше апсолутно отсуство на емпатија. Искрено кажано, сите бевме повознемирени отколку што беше тој. Сè уште сум во шок и под општ впечаток. Беше целосно ладен, тотално емотивно оддалечен. Цело време разменуваме искуства за тоа што можело да се направи без да се осудиме себеси и нашите постапки. Сепак, семејството потфрлило, тоа е мое мислење, невозможно е тој на бирото да има скица, а да не се види. Како да барало внимание и љубов, на детето му треба вниманието на родителите, изјави таа во гостувањето на „Белградска хроника“ на РТС.

„Некој што бил способен да направи вакво нешто, а да немал пристап до пиштол, ќе нашол друг начин – смет психологота Вулиќ Бојовиќ.