Претставниците на Хрватска, групата Let 3 од Ријека со песната Mama ŠČ! и српскиот претставник Лука Ивановиќ вечерва успеаја да влезат во големото финале за избор на песна на Евровизија кое се одржува во сабота во Ливерпул.
Нивните фанови веќе почнаа да им честитаат на социјалните мрежи и им посакуваат многу среќа в сабота.
Српскиот претставник попознат како Лук Блек воодушеви со специфичен настап со песната „Само ми се спава“. Лука излезе на сцената во облека со посебен додаток кој им оддава почит на жртвите кои загинаа во страшните трагедии што ја снајдоа Србија.
Тој, како што објавивме претходно, вечерашниот настап им го посвети на жртвите во масакрите во Белград и близу Младеновац.
Во финале се пласираа и Молдавија, Швајцарија, Финска, Шведска, Чешка, Израел, Португалија и Норвешка.