ОВАЦИИ И ОГРОМЕН АПЛАУЗ ЗА ЛУКА Српскиот пејач својот настап го посвети на жртвите во масакрите

Лука Ивановиќ, попознат како Лук Блек, е претставник на Србија на изборот за песна на Евровизија, а по свеченото отворање на првата полуфинална вечерва како трет настапувач Лука одлично испеа и доби огромен аплауз.

Српскиот претставник воодушеви со специфичен настап со песната „Само ми се спава“. Лука излезе на сцената во облека со посебен додаток со кој им оддава почит на жртвите кои загинаа во страшните трагедии што ја снајдоа Србија. На белата кошула носеше црн цвет, тој ја исполни големата сцена во Ливерпул со одлична танцова група, а неговиот настап беше поздравен со громогласен аплауз на самиот почеток, но и на крајот.

„Те сакам Србијо!“, извика на крајот.

Лука претходно најави дека вечерашниот настап е посветен на трагичните жртви од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ и во околината на Младеновац.