Слушнав дека луѓето зборуваа лошо за мене и моето семејство – Нови детали за убиецот од Младеновац

Урош Блажиќ (21), кој е осомничен дека ноќта меѓу 4 и 5 мај уби осум лица и се обиде да убие уште 12 лица, изнесе застрашувачки детали од страшното злосторство и се обиде да се направи жртва на сослушувањето во обвинителството.

По масакрот во Младеновац, Билјана Блажиќ, мајката на Урош Блажиќ (21), убиецот од Младеновац првпат јавно проговори за порталот Republika.rs.

Тврди дека нејзиниот син и го направил животот пекол и дека се чувствува лошо.

Advertisements

Истовремено медиумите пишуваат и за тоа што се е пронајдено во „мерцедесот“ од кој Урош го извршил масакрот.

Според сознанија на „Телегараф.рс“, полицијата пронашла автомобил „мерцедес“ за кој постојат сомнежи дека бил користен од страна на Урош во масакрот.

„Во него се пронајдени три празни рамки од автоматска пушка. Неколку рачно изработени бомби, многу муниција и пиштоли. Автомобилот е сопственост на неговиот татко и е испратен на вештачење“, вели извор близок до истрагата.

Мотивот за пукањето било тоа што, според него, луѓето го нарекувале со погрдни имиња и често го озборувале него и неговото семејство.

Блажиќ на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Смедерево раскажал што му претходело на масакрот, но и детално како го извршил делото.

Во одбраната изјави дека сакал да покаже дека со него нема шеги и мајтапења.

Кажал дека знаел за убиството во училиштето во Врачар, но дека овој случај немал никакво влијание врз неговата одлука ниту пак бил трик за убиството на осумте сограѓани.

Според него жителите немале добро мислење за него и неговото семејство и дека чувствувал потсмев и подбив во нивното однесување, вели изворот на „Блиц“.

Полицијата го уапси Радиша Блажиќ, таткото на Урош Блажиќ, кој е осомничен за убиство на осум лица.

Српската полиција објави видео од апсењето, на кое се гледа како мажот е врзан со лисици.

При претрес на објектот што го користел осомничениот Радиша, пронајдени се неколку стотици куршуми различен калибар, еден пиштол и еден револвер.

Пронајден е и рачно изработен уред за чкрапало, како и неколку оптички нишани и други разновидни делови за огнено оружје.

На Радиша Блажиќ, поранешен припадник на вооружените сили на Србија, му е одреден притвор до 48 часа.

Како што дознава „Блиц“, тој се товари за недозволено поседување оружје и пуштање во промет експлозивни материи.