Ќе рипнат платите во здравството – еве колку ќе добијат вработените со исплатата за март

Вработените во здравството ќе добијат покачување на платите од 3.000 денари, 2.500 денари или 2.000 денари, откако министерот за здравство ќе го потпише Анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита. Оваа одлука ја донесе Владата на последната седница.

Претходно, Владата го овласти министерот за здравство Фатмир Меџити да го потпише Анексот со кој се врши зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството, почнувајќи со исплатата за месец март 2023 година.

Владата ги овласти и директорите, односно в.д. директорите на јавните здравствени установи, да ги потпишат поединечните колективни договори, со коишто се врши зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството, почнувајќи со исплатата за месец март 2023 година.

Advertisements