Итно стопирање на натамошното промовирање на насилството во медиумите и јавниот простор, вклучително и разрешување на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми, затворање на печатените медиуми и таблоиди што промовираат омраза и насилство и континуирано го кршат новинарскиот кодекс, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои промовираат насилство како Пинк и Хепи ТВ. Овие барања беа испорачани од големиот протест против насилството вечерва во Белград.
Демонстрантите носеа транспаренти против насилството и против провладините медиуми, а скандираа и пораки кон претседателот Алекандар Вучиќ порачувајќи му „Вучиќ, оди си“.
Тие побараа и разрешување на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и на директорот на Безбедносно-информативната агенција Александар Вулин.
Власта ја обвини опозицијата дека ја „политизира трагедијата“.
Претходно Вучиќ изјави:
„Чувствата на луѓето беа злоупотребени на најбрутален начин. Очекував да понудат некои мерки, но се се сведе на сува политика“.
ФОТО: Принтскрин