Девојчето кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот.
Таа е десета жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишно момче на 3 мај во ова училиште, кое уби девет ученици и чувар, пренесуваат српските медиуми.
Девојчето починало во болница, а имало тешки повреди на главата, но и покрај натчовечките напори на лекарите, им подлегнало на повредите.
Advertisements
И Министерството за здравство соопшти дека починала повредената ученичка во ОУ „Владислав Рибникар“.
Министерката за здравство, Даница Груичиќ, во свое име и во име на Министерството за здравство изрази сочувство до семејството на повреденото девојче.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...
Голем успех и признание за Македонија - Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТ...