На трагедијата што утрово ја потресе Демир Капија претходеле расправии подолг период меѓу седумдесет и двегодишникот кој смртно го застрелал соседот, а како што неофицијално се дознава мажот кој потоа се самоубил оставил проштално писмо.
МВР потврди дека биле пронајдени две безживотни тела, но засега додека се врши увид од јавен обвинител, не се откриваат повеќе детали за оваа трагедија што ги вознемири жителите.
Градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.
Полицијата го потврди немилиот настан.
„Денеска (16.5.2023), во 6.50 часот, во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во сопствените домови со прострелни рани биле пронајдени Б. М. (34) и М. К. (72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итната медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“, соопшти МВР.