(ВИДЕО) Двајца млади загинаа во страотна несреќа – „пожарникарите ги сечеа возилата за да ги извлечат жртвите“

Во селото Златица на патот Зрењанин – Сечањ околу 17 часот и 20 минути се судриле две патнички возила. Двајцата возачи починале на лице место.

Станува збор за М.И.(21) од Бока и В.А.(22) од Стари Лец. Тие загинаа во верижен судар меѓу фиат стил и ауди.

Инаку, на ова место и порано се случувале тешки сообраќајни несреќи со смртни последици, јавуваат српските медиуми.

Advertisements

Телата на несреќните млади момчиња ќе бидат пренесени на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад, пишува Телеграф.

Пожарникарите ги исекле возилата за да ги извлечат телата на жртвите.

Двајцата биле на возачкото седиште, а во возилата немало други патници. Очевидци велат дека најверојатно се работи за голема брзина и дека едно од возилата од засега непознати причини тргнало во спротивен правец, а несреќата се случила на блага кривина во близина на локалните гробишта на Златица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)