Во масакрот кај Младеновац убиецот Урош Блажиќ (21) го рани дваесет и тригодишно момче Н.И. од Мало Орашје кој бил веднаш пренесен во болница во Белград, од каде за среќа пред некој ден бил пуштен дома.
Како што изјави за „Новости“ дедото на момчето, Н.И се здобил со повеќе повреди, но неговата здравствена состојба е стабилна.
„Внукот му се јави на татко му и му рекол: „Тато, дојди, умирам. Човек пукаше во нас, овде има масакр“, изјави Добица Илиќ, дедото на младото момче.
Како што пренесуваат медиумите, младите секоја вечер се собирале кај споменикот во Мало Орашје, на излезот од селото, веднаш до фудбалското игралиште.
Тие вечерта кога се случи масакрот имале посебна причина за собирање – го прославувале раѓањето на дете на еден од нивните пријатели.
Урош Б. пукал врз насобраните пријатели, меѓу кои бил и полицаецот М.П. (22) и неговата сестра К.П. (19), како и 25-годишниот Д.Т. Toj на 4 мај со калашников уби седум млади момчиња и една девојка.