Монструозно злоставување бебе – му давала лек за шизофренија на шестмесечно детенце

А.Н.(21) од Ковин е уапсена поради сомнение дека на своето 6-месечно бебе му давала лек „онзапин“ кој се користи за лекување на шизофренија, а детето е примено во болницата „Д-р Вукан Чупиќ“ во состојба на кататонија, пишува српскиот портал „Блиц“.

Лекарите испратиле известување до обвинителството, во кое констатирале дека детето го прима лекот ОНЗАПИН, кој се користи за лекување на шизофренија.

„Детето има 6 месеци, имаше напади, беше во состојба на кататонија, буквално како растение… Се лекуваше 12 дена, беше во многу тешка состојба, се бореше за живот. Овој лек е многу опасен и може да предизвика трајни последици. Лекарите откриле дека лекот му бил даден на детето, а мајката веднаш била уапсена. Инаку, во ова семејство немало пријави за насилство, ниту пак мајката била претходно приведена“, вели извор од истрагата.

Advertisements

Инаку, по предлог на Основното јавно обвинителство Смедерево, а поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело овозможување консумирање наркотични дроги и кривично дело запуштање и злоупотреба на малолетно лице, на осомничената А.Н. (21) ѝ е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.