(ВИДЕО) ХЕРОЈСКИ ПОДВИГ ШТО ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ Кој е човекот што се фрли во водата за да спаси мајка со дете?

Херојскиот чин на спасување на мајка и дете во поплавите во Италија од страна на Ѓорѓе Пантиќ, синот на познатиот српски писател Михајло Пантиќ, го обиколува светот, а овој храбар Србин во интервју за „Блиц“ истакнува дека го направил она што се очекува од секого – да биде човек во моментот кога е потребно.

Снимката од драматичното спасување стана вирална, а подоцна јавноста дозна дека човекот кој храбро скокна во водата е српски граѓанин, кој четири години живее и работи во италијанскиот град Чезен како готвач во ресторан.

Поради страшните поплави кои ја погодија Италија, спасувачките екипи се уште се на терен. Градот Чезен е речиси поплавен поради изливот на реката Савио, луѓето се обидуваа да најдат начин да се спасат од надојдените води, но некои останаа заглавени.

Разговорот со спасувачот херој може да го прочитате на порталот Блиц.