Бура од реакции на социјалните мрежи предизвика денешниот говор на новиот директор Абдул-Селам на Бирото за метрологија. Тој денеска говорејќи по повод Денот на метрологијата призна дека до пред некое време мислел оти метрологијата и метеорологијата се една иста научна дисциплина.
Дел од граѓаните удрија мајтап на сметка на неговото признание, дел повикаа да престане партизацијата и партиски војници да не се поставуваат на места за кои не се квалификувани, некои обвинија дека не е виновен директорот, туку партијата од која доаѓа, но секако имаше и коментари кои ја поздравија искреноста на новиот директор коментирајќи „барем е искрен“.
ВИДЕО: Телма

