Уценувала кандидат со 3.000 евра за да биде примен во Армијата

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на социјалните мрежи информира дека вчера е приведена припадничка на Армијата поради кривично дело поткуп.

Акцијата за откривање на осомничената била спроведена заедно со припадниците на Службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи во координација со Јавното обвинителство.

Advertisements
„Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да ѝ даде 3.000 евра за да биде примен. Кандидатот е успешен и секако ќе беше примен, а лакомата вработена е лишена од слобода, ќе го изгуби работното место и ќе биде кривично гонета исто како и нејзините соучесници. Ова нека биде порака за сите: за криминалот нема место во Армијата! Ги охрабрувам сите да ги пријавуваат ваквите случаи – криминалот и корупцијата ќе добијат жесток и бескомпромисен одговор“, порача министерката Петровска.