„Преку служба до пријателство” – ИПА Македонија организира Академија во Скопје, ќе дојдат гости од 8 држави

Меѓународната полициска асоцијација ИПА чие мото е  „Преку служба до пријателство”, ИПА Македонија & ИПА Регион Скопје ја организираат втората ИПА АКАДЕМИЈА чие официјално отворање ќе биде во четврток, на 25 мај со почеток во 10 часот во хотелот Парк и СПА во Скопје.

Целта на овој настан е продлабочување на меѓусебната професионална соработка, дружење, подобрување на комуникациските способности и знаење со цел промовирање на ИПА Организацијата и нејзините цели 

На Академијата своето учество покрај домаќинот го најавија 38 претставници на уште осум држави и тоа: Романија, Израел, Кипар, Германија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Белгија, Бугарија.

Advertisements

Учество ќе земат и претставници на повеќе ИПА Региони од државава, односно покрај Регион Скопје свои претставници ќе имаат и Регион Тиквеш-Повардарие, Охрид, Струмица, Тетово и Штип.

„На оваа Академија ќе се дискутира на повеќе актуелни теми поврзани со најголемото полициско здружение во светот основано во 1950 година во кое полноправно членуваат 66 држави со над 360.000 активни членови од сите континенти меѓу кои и Историјата на ИПА и историски развој на ИПА Оддел Македонија, цели на ИПА и остварување на истите, преставување на ИПА и приод кон нови потенцијални членови на ИПА и бенефиции од членувањето во ИПА за членовите, полицијата, Агенции за спроведување на законот и општеството во целина“, се вели во соопштението од ИПА Македонија.