Двajца се ранети во престрелката што се случила вечерва на улицата „Максим Горки“ во Врачар, Белград, а дел од српските медиуми јавуваат дека еден од повредените е македонски граѓанин.
А.П.(29), како што јавуваат, српските медиуми, вечерва во 19 часот и 40 минути на аголот од улиците Цар Николај Втори и Максим Горки бил застрелан во пределот на десната надколеница.
Ранетиот А.П во досието има 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништва. Во сила е налог за издржување затворска казна.
Во престрелката е повреден и македонскиот државјанин Д.Л. (21). Тој бил застрелан во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П, или пак случајно бил ранет.
Полицијата е во потрага по напаѓачот. Како што пишуваат тамошните медиуми, тој има околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки.
По пукањето побегнал кон Чубурски парк.
Во моментот на пукањето паркот бил полн со деца и кога се слушнале истрелите сите се исплашиле, а потоа некој сугерирал дека најверојатно се петарди и играта продолжила.
View this post on Instagram