(ВИДЕО) „Негирате над три милиони Македонци во светот“ – професорот Светозаревиќ им одржа лекција на бугарските новинари за најголемиот шовинизам во 21 век

Во 21-от век Бугарите не признаваат цел народ, на три ипол милиони Maкедонци постојат во светот, а вие ги негирате, им рече историчарот Бранислав Светозаревиќ на бугарските новинари на прашањата зошто Македонците се против внесување на Бугарите во Уставот, зошто бугарските клубови мораше да бидат затворени и зошто Софија не ги признава Македонците во Бугарија.

„Дали ви е познато дека во пописот од 1956 година во Бугарија имало 180.000 Македонци во Пиринска Македонија. Дали во вашите учебници се учи некаде дека постои македонски народ“, ги праша професорот бугарските медиуми.

Тој им порача на новинарите Бугарија да ја признае реалноста и тогаш двата народи можат да бидат најголеми пријатели.

Advertisements

„Треба само да го признаете македонскиот народ и да сфатите дека постојат три милиони Македонци во светот. Во дипломатијата е јасен реципроцитетот – се признава македонско малцинство во Бугарија и се признава бугарско малцинство во Македонија. Вие го злоупотребувате ветото. Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови, им рече професорот на претставниците на бугарските медиуми.