Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ја претстави апликацијата „Мое здравје“ преку која секој граѓанин ќе има увид во податоците за сопственото здравје.
Апликацијата „Мое здравје“ на граѓаните ќе им овозможи увид во сопствените здравствени податоци, медицинската историја, детали за рецепти, специјалистички, дијагностички, лабораториски и болнички упати и досиеја за имунизација. Таа е поврзана со системот „Мој термин“, од каде се преземаат сите податоци.
„Преку апликацијата „Мое здравје“ можете лесно да пристапите и да ја истражувате вашата медицинска историја. Оваа апликација ја става моќта на информацијата директно во вашите раце. Она што го издвојува „Мое здравје“ е неговата беспрекорна интеграција со системот „Мој термин“. Го поканувам секој од вас да ја прифати моќта на „Мое здравје“. Преземете ја контролата врз вашето здравје и добијте вредни сознанија,“, рече министерот.
Апликацијата е активна, и е достапна на македонски, албански и на англиски јазик.
„Оваа апликација значи скок напред во нашиот здравствен систем и алатка која им користи не само на поединци, туку и на давателите на здравствени услуги и на општеството како целина“, посочи министерот за здравство Фатмир Меџити.