„Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од први јули“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмин Битиќи, во гостување на ТВ Телма.
Тој посочи дека во тек се анализи и за враќање стапката на ДДВ од 18 отсто.
„Стапката на ДДВ од 10 отсто за електричната енергија постепено ќе се враќа на 18 отсто, за што анализите се при крај“, рече Битиќи.
Тој објасни дека ЕСМ дава предлог кон ЕВН Хоум, а потоа Регулаторната комисија ќе донесе одлука, која се очекува да се знае кон крајот на јуни.
„Имаме месец и пол пред нас, а ние не зависиме само од домашните поизводители на струја“, рече Битиќи.
Тој потсети дека цената на електричната енергија ја утврдува РКЕ преку соодветни параметри.