Бранителите во Охрид нема да плаќаат давачки кон општината – прифатена е иницијативата на Левица

На 27 седница на Советот на Општина Охрид, одржана на 26.05. 2023 година, беше прифатена иницијативата која ја поднесе советникот на Левица, Виолета Аврамоска, со која се бара да се донесе одлука за ослободување или процентуално намалување на давачки и надомести кон Општина Охрид за бранителите на Република Македонија, информира партијата Левица.

„Беше донесен заклучок да се формира комисија која ќе го утврди точниот број на бранители во Охрид. Претседател на комисијата ќе биде советникот на Левица. По утврдување на бројот на бранители, иницијативата ќе биде реализирана со следниот ребаланс на буџетот на општината“, вели Левица.